Тивко, ко сива боја
Минува низ платното
на густите шуми,
Се распостелува на
стрмните карпи
И останува да
мирува...
Тука ќе го дочека
младото утро,
Тука ќе почека рајско
црвена боја
Да ѝ го распара
срцето,
Ќе почека животот да
ја докрајчи
Ранетата душа
И да ја фрли во
непознато,
Да ја фрли низ
тенката покривка
На новиот ден,
Да дочека уште едно
Мајско утро полно
самотија,
Да дочека уште една
лага
Во својата колевка и
да ја претвори во верност,
Да ја претвори во
вистинита приказна
На лагите.
Чекори, полека,
Ко секој чекор да
мора да се вреже
Длабоко во
пукнатините
На нејзиното срце.
Со погледот минува
низ тоа далечно утро,
Го дочекува
изгрејсонцето на живописот,
Ја дочекува таа среќа
околу неа
Која нејзе тажно ѝ
делува,
Ко загубен поглед низ
езерските далечини,
А таа, оставена сама
на себе,
Во срцето на
далечините,
Тагува, се разболува,
ја мачи секоја трошка
Чувства за
безчувствителноста,
Молчи, вика, зборува,
липа...
До кога вака?
До кога нејзините
плеќи
Ќе се свиткуваат од
товарот
На далечниот живот,
До кога ќе ги
свиткува модрите усни
Во една права линија,
До кога ќе сака
безусловно и болно?
До кога од луѓето ќе
го крие лицето
И круто ќе подарува
насмевки
Кои патуваат од
срцето на далечините.
Очигледно до
бескрајот,
Очигледно ѝ беше
судено
Нејзината тага да
лебдее низ времето и просторот.
А, таа, веќе се
помири.
Го сакаше,
Не признаваше, се
обиде
Да бега, се обиде да
се скрие во срцето на далечините,
Но, ете, остана во
место
Заглавена во неговиот
поглед,
Се обиде да се скрие
од секоја искра надеж,
Сакаше се да стори за
саканиот,
А можеше само
Да се сврти и да си
замине...
Да си замине, во
срцето на далечините
И да не се врати.

