Погледот
ненадејно го спушти и се претвори во девојка која го изгуби својот далеку
познат шарм. Дали беше прашање на твојот став кој порано се одликуваше со
високи стандарди или само е прашање на изгубена самодоверба? Дали некој те излажа
дека си помалку вредна од другите или ти самата ја смисли таа бесмислена
приказна? Дали ќе си дозволиш среќата да ти се лизне од рацете само поради
поматениот ум и сенката која неуморно го освојува секој дел од твојот поглед?
Дали се измори од тоа да ја бараш среќата во вистинските нешта? – Девојко,
разбуди се!
Отвори ги тие преубави очи кои не би ги насликал ни највештиот сликар, и
погледни кон светот на твојот стар начин. Врати се на подиумот кој со нетрпение
те очекува и престани со твоите луди испади на падната вредност. Научи дека
среќата ја чуваш во себе и помири се со фактот дека постојат личности кои
уживаат да те повредат. Помири се со фактот дека светот е суров, а едноличниот
живот кој го живееш уште посуров. Знаеш дека луѓето никогаш нема да те
разберат, дека ќе вртат со очите и ќе се смеат како да те разбираат, а одзади ќе го кријат тој злокобен
поглед кој зрачи од љубомора. Ти си чудно суштество. Беше родена во погрешно
време, а сега се трудиш да се вратиш во вистинското. Беше цврст камен кој сега
се крши на обичен пердув. Отвори ги твоите убави сини очи. Дали стана свесна
дека се убави и без да ставиш маскара и креон? Дали стана свесна дека по твоите усни копнеат многу и
без да ги затвориш со црвен кармин? Дали се разбуди од сонот во кои твоите нозе
се убави само на високи потпетици? – Очигледно е дека не. Но, те молам, сфати.
Ти ја носиш античката убавина на боговите која никогаш не излегува од мода. Ти
си избрана за да бидиш поразлична од другите и немој упорно да се претопуваш во
таа толпа на едноличност. Ти си родена за гордо да чекориш како кралица на
животот и улиците да го слушаат звукот на твојот чекор. Не си родена за да
бидиш иста. Не си родена за модел, манекенка, актерка, барбика. Престани самата
да си го кршиш срцето. Ти си родена за да бидиш девојката која ќе го промени
светот, а не девојката која светот ја променил.
Saturday, October 5, 2013
Monday, September 16, 2013
Ти знаеш...
Само ти ја знаеш
тајната на црната сенка
во нејзините очи...
Само ти знаеш каде
да ја најдеш ѕвездата
истетовирана во вистинитоста
на нејзиното постоење...
Само ти знаеш
како таа живееше,
дека лажеше само
кога инстинктивно,
ко од среќа, заводливо
ќе ги мрднеше рамениците
кон левата страна,
само тебе не ти избега тој детаљ
кој сиот свет го занемаруваше...
Добро се познававте,
добро ја познаваше,
како никој друг,
иако имаше многу кои мислеа
дека ја знаат тајната на нејзиниот
мистериозен живот,
приказната поради која
ја направи толку туѓа,
толку горда- ја натера да чекори
со високо крената глава,
но, ете
животот ја проколна
никогаш среќно да не се насмее.
во нејзините очи...
Само ти знаеш каде
да ја најдеш ѕвездата
истетовирана во вистинитоста
на нејзиното постоење...
Само ти знаеш
како таа живееше,
дека лажеше само
кога инстинктивно,
ко од среќа, заводливо
ќе ги мрднеше рамениците
кон левата страна,
само тебе не ти избега тој детаљ
кој сиот свет го занемаруваше...
Добро се познававте,
добро ја познаваше,
како никој друг,
иако имаше многу кои мислеа
дека ја знаат тајната на нејзиниот
мистериозен живот,
приказната поради која
ја направи толку туѓа,
толку горда- ја натера да чекори
со високо крената глава,
но, ете
животот ја проколна
никогаш среќно да не се насмее.
Дали таа или тој,
дали ти или деновите,
дали животот или реалноста,
кој беше нејзиниот непијател?
Ти знаеше, знаеш,
како и секогаш,
но ете, тајната некогаш
остро го распорува
секое парче од најдрагото сеќавање.
А ти знаеш, знаеш дека
никогаш нема да те остави,
но, сепак, реши да не ѝ веруваш.
дали ти или деновите,
дали животот или реалноста,
кој беше нејзиниот непијател?
Ти знаеше, знаеш,
како и секогаш,
но ете, тајната некогаш
остро го распорува
секое парче од најдрагото сеќавање.
А ти знаеш, знаеш дека
никогаш нема да те остави,
но, сепак, реши да не ѝ веруваш.
Monday, September 9, 2013
Друга димензија
Тој ја погледна скришно, преку рамена, а потоа се сврте и почека минута, за да ѝ нанесе само поголема болка. Таа го повтори истиот потег... Потоа тие прекрасни очи ги сврте кон иднината, иако мозокот и срцето душата ѝ ја влечеа кон болното минато, кон него, кон секоја секунда која ја поминаа држејќи се за раце. А сега, што се случи? Зошто поминаа и се разминаа еден со друг? И пак упорно се сеќаваа на моментите кога ненадејно ќе ја гушнеше од зад грб, а таа ќе се почувствувше како да тој момент никогаш не ќе заврши, како во сонот од кој никогаш нема да се разбуди. А тој? Едвај чекаше да дојде на договореното место, час порано, иако знаеше дека таа е туѓа, ќе дојде или час подоцна, а можеби и нема да дојде. Тој уживаше во времето кога ја чекаше, бидејќи и така се чувствуваше поблиску до неа, сакаше да се натера да верува дека таа ќе дојде, сепак, знаејќи дека таа не се ни обидува да стигне на време, таа има поважна работа, но, кога ќе дојде, нема лесно да си замине. Нема да може да се оттргне од стисокот на тие познати прегратки и силни раце кои ѝ го разгоруваат секој дел од нејзиното тело, ја тераат да го прави и невозможносто, само и само за да остане со него до долго во ноќта, во тој добро познат стисок.... Полека очите почнаа да ѝ се полнат со солзи за кои и двајцата ја знаеја причината. Утре таа ќе си замине во тој добро познат свет, ќе почне нова страница од својот беден живот која ќе биде премногу празна за да се запише неговото име, за да ги собере тие прошетки, колачиња, наивно изнудени насмевки, глупави шеги на сечија сметка и тишина која ја прободува реалноста. Таа ќе замине кај друг иако ниту таа, ниту тој не го сакаа тоа. Всушност... не ни знаеа што сакаат. Се привлекуваа премногу за да бидат заедно, а се сакаа премалку така што можеа само да си нанесат болка еден на друг. Сепак, знаеа дека нема да се преболат. Добро им беше познат патот по кој тргнуваат и времето во кое ќе се сретнат. Не им беше гајле. И двајцата решија најдоброто да го чуваат за крај, а потоа се прегризаа силно на исто место, толку силно, што на меката кожа потече крв и истата рана зараснуваше и зараснуваше се додека не се стори лузна која длабоко печеше во срцето, во минатото, во среќата која не ја уживаа. Зошто беа осудени така? Зошто се решија да живеат во толку тајна и толку ограничена димензија поразлична од човечката? Зошто мораа да го променат светот и она што се нарекуваше живот? Зошто не се решија да бидат уште една обична љубовна приказна со ризичен почеток и среќен крај? Можеби реалноста беше премногу инспиративна за нивниот вкус, а секојдневието премногу суво за нивната врела кожа. Можеби недопирливото не беше предизвик, туку лекција, а секој ден ги оддалечуваше се повеќе сантиметри од правиот пат и рајот кој го напуштија. Можеби единствено не сакаа да живеат како обични човечки суштества кои знаат само да сакаат, да бидат слаби на чувства и страствени бакнежи, алчни на пари неспособни да ги добијат, можеби само сакаа да му докажат на животот дека среќата се заобиколува и тагата се вгнездува во срцето, исто толку лесно, колку што се купува чоколаден крем од најблиската слаткарница. Но всушност, сите знаеа за нивната љубов и се чудеа на нивната грешка. Сите ја знаеjа приказната, иако наивно ги тресеа главите кога некој ќе го спомнеше тоа. Сите знаеjа дека направија залудна жртва и дека сега беше премногу доцна за да се стори нешто, дека беа премногу горди и цврсти двајцата борци кои го предизвикаа животот. Тука и нема што да се раскаже. Двајцата си ја добија лузната за која ќе се прашуваат секогаш зошто остана на нивниот рачен зглоб, и зошто нивните прсти не ги краси златен свршувачки прстен како и сечиј друг, а ја знаеjа вистината, тие беа премногу диви, за нивната грубост и слобода да се вклопи во едно толку плитко општество кое ги држеше во окови... Единствено што добија од него беше лажно сожалување и болка...
Sunday, September 8, 2013
Убавината на уникатната дама
Ти беше само копија,
драга моја,
не беше свесна во што се претвори...
Како можеше да бидеш како неа?
Па, таа го имаше најубавиот чекор
додека се лепеа погледи
на нејзините совршено обликувани нозе,
таа невино ќе ги срушеше
сите подотворени усни
очајно жедни за нов бакнеж
кој ќе ги стопи зимските снегови
на летното сонце од морското крајбрежје...
Како можеше да очекуваш
дека ако облечеш кусо здолниште
ќе ти стои како неа?
Па сите уживаа во начинот
на кој мирно и полека потскокнува
парчето црна свила
и наивно се прилепува
на точно определено место,
како можеш да очекуваш тоа златно ланче
да спие на твоите гради,
кога на неа ништо не спиеше?
Таа одеше полека,
а секое парче фино одбрана облека
полека воздивнуваше,
ја оживуваше,
бидејќи таа одамна беше мртва...
Како можеш ти да умреш,
кога не можеш ни да слушнеш за таква болка?
...А таа можеше!
Таа знаеше полека, но сигурно да чекори,
да се скрие зад заводливата насмевка
и црвениот кармин,
кои ви ги подаруваше вам...
А вие?
Што сте вие?
Само глупави човечки битија
кои се огледувате на нејзиното совршенство,
доволно глупави за да поверувате во него...
Wednesday, August 28, 2013
Војна на погледи
Понекогаш... Посакувам
ноќта тапо да ги скрие чекорите на моето постоење. Понекогаш се прашувам дали
животот е доволен за да ја опише смртта? Дали душата мора да стане камена за
животот да не научи на доделените лекции. Само по некогаш лежам во креветот и
размислувам дали и ти беше дел од таа животна лекција или те изгубив талкајќи
низ годините, низ времето, низ иднината... И зошто сега ми недостигаш? Зошто ми
недостигаш кога стигнав во толку посакуваната иднина? Зошто заминав од тебе, а
сега ти се враќам како птица која барала поубаво гнездо? И зошто тагувам? Зошто
сеуште ме боли тој твој поглед на студенило кое не обви со сета своја покривка?
Да, студенилото беше посилно од твојата прегратка, постудено од топлината на
нашата љубов... И кога ќе те погледнам, тој твој поглед ме прави да се
чувствувам виновна. Единствено тој твој убиствен поглед на грев, иако никогаш
ти не си грешел. Ме потсетува на секоја секунда која ја поминав обвиена во
твоите прегратки чекајќи уште еден бакнеж пред да го сторам планираното, пред
да се покајам, и пред да се уништам себеси. Зошто сега ми недостига тој мирис
кој порано ме опиваше, ме заспиваше и не ми дозволуваше да се одделам од тебе?
Зошто ги раскинувам перниците и додека спијам го слушам твојот шепот, ја
чувствувам таа далечина која полека го убива моето студено срце? Дали конечно
се ќе заврши? Дали јас пак ќе си ја отворам душата пред тебе и темнината, дали
тие толку несакани места повторно ќе ги разубави твоето присуство. Пред се се
прашувам, дали еден ден ќе ми простиш затоа што те уништив тебе заедно со себе?
Дали еден ден ќе ја сфатиш мојата игра? Дали еден ден ќе ми посветиш песна која
ќе ја свират твоите очи на моите голи рамена? Знам дека одговорот е не, но
сепак сакам уште еднаш да слушнам, уште еднаш да се вратам во реалноста и да ги
сносам последиците од штетата која ја направив. Уште еднаш ко шамар од среќата
да ми фрлиш грст омраза кој гневно ќе се рашири ко отров низ моите вени, ќе ми
даде сила да продолжам да се уништувам себеси... Не знам, можеби еден ден се ќе
биде мирно, барем ќе се стиши оваа бура, оваа војна на погледи и тајно ќе се
колнеме еден со друг, а воедно ќе копнееме за тие усни кои никогаш не ги
вкусивме а кои беа нашиот пат во рајот, нашето оружје кое не уништи уште пред
да го тестираме...
Monday, August 5, 2013
Во рингот против неа...
Овде.
Очи в очи против
најголемата сенка на моето Сонце.
Како да го победам тој страв
од нож в грб?
Како да ја победам неа,
таа сила на божествата?
Гласот во мене шепоти
ко немирно ветре на априлската пролет:
“Прво остар поглед
во дното на душата,
па удар во нејзината наивна насмевка.
1...2...3...10
Нокаутирај ја
со болен удар во она
што некогаш ѝ даваше надеж,
а потоа копај!
Копај во мрачното минато!
Најди го оружјето
и на срушеното витко тело
изгради сегашност.
Затвори ѝ ги очите
и со мек стисок
запечати ѝ ја иднината.
Нека се изгуби во времето,
во стрелките на часовникот
чекајќи го последниот воз
кој никако да пристигне.
1...2...3...10
Победи!
Ја доби толку посакуваната титула!
Ја спаси толку неприкоснованата гордост!”
... Победата и онака не вредеше...
Sunday, July 21, 2013
Те видов повторно
Те видов повторно!
Во истиот ресторан
како одговорите ги бараш
во палачинката засладена со чоколаден крем.
Те видов повторно!
Исто како пред многу години
скршен од тага за изгубеното детство...
Те видов повторно,
на денот на вашата разделба
кога острите врвови на тревките
ги скокоткаа твоите стапала.
Те видов повторно!
Кога за последен пат прошета низ твојот роден град,
кога ја бакна нежно на осамениот плоштад
и кога се разделивте засекогаш.
Те видов повторно
на денот кога реши да се промениш,
кога сонцето изгреа од запад,
а зајде на исток...
Те видов повторно,
како збунето ја пиеш ладната лимонада,
како гледаш во стариот часовник чекајќи го возот,
со засенет поглед на гнев и омраза...
Те видов повторно
и се запрашав каде е моето место
во целава оваа приказна?
Во почетокот?
На средината?
Близу крајот?
Те видов повторно
и се замислив, што сум јас во оваа песна?
Лик? Раскажувач? Посредник?
Те видов повторно
и посакав да не те видов...
Subscribe to:
Posts (Atom)
.jpg)



