Кога спиеш, кога плачеш или кога те боли,
имам ли право да те побарам?
Кога ноќта ме растргнува
и душата ги враќа сите болки од минатото,
ќе дојдеш ли ако те повикам?
Кога ме мразиш, кога одмаздата те оддалечува од мене
и сакаш да ме направиш странец,
дозволуваш ли да те поздравам?
Кога ми недостигаш и кога тоа не смеам
да го признаам ниту пред најблискиот пријател,
ќе го направиш ли првиот чекор?
Кога намерно поминувам од другата страна на улицата
и сакаш да ме скршиш на 1000 парчиња,
ќе ти стане ли сеедно?
Кога е веќе доцна и сакаш нов почеток со нова љубов
ќе ме боли ли како кога ме скрши
во ноќта за збогум?
Кога ти пишувам, а ти не можеш да прочиташ,
ќе ти врати ли небото за сите наши грешки?
Кога изгледам како да не те забележувам,
а те сакам, те мразам и сум се освен рамнодушна,
ја имаш ли доблеста да воочиш и да ме фатиш за рака?
Кога велам дека продолжив понатаму,
ќе ми го пресечеш ли патот за да ми кажеш дека не е вистина?
Кога би ти рекла дека те сакам назад,
што би ми одговорил?
.jpg)





.jpg)




